Дали сте размислувале да си ја продадете кожата? Овој Русин веќе ја понуди својата на аукција

Јуриј Галактеонов од Екатеринбург сака да ја продаде својата кожа и тврди дека веќе му се понудени 100000 долари.

Тој собира автограми од познатите музичари во вид на тетоважа. Најпрвин секој музичар го остава својот потпис со пенкало на неговата кожа, а Јуриј потоа отрчува кај својот тату-мајстор кој ги овековечува. Засега на неговата кожа засекогаш се запишани Ози Озборн, Стинг, бендовите Папа Роуч и Роксет (да наведеме само неколку од нив). Вкупно има 10 тетоважи.

А сега тој би сакал да ја понуди својата кожа на аукција... но, за среќа, кожата може да се добие дури по неговата смрт. Сепак, тој би сакал да ги добие парите пред да умре. „Би било подобро да ми платат мене, а не на моите наследници, би можел парите да ги инвестирам во некој проект“, вели тој, додавајќи потоа дека повеќе го интересира неговото име да остане запаметено отколку да заработи пари.

Прочитајте повеќе: Русија на кожа: 22 откачени руски тетоважи

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња