Прогласена најдобрата флота на руската Воена морнарица

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Соопштено која флота ќе го добие признанието за најдобра во руската Воена морнарица за 2018 година.

Тоа е Тихоокеанската флота. Ова го соопшти Николај Воскресенски, началник на Одделението за информациска поддршка и прес-служба на Источниот воен округ за Тихоокеанската флота.

Тоа значи дека Тихоокеанската флота ќе стане најдобра флота на руската Воена морнарица втора година по ред, соопшти РИА „Новости“.

Годинава Тихоокеанската флота учествуваше во најголемите воени маневри изведени во последно време под кодното име „Восток 2018“, како и во определен број специјални вежби и неколку далечни патувања во кои посети пристаништа на 10 земји.