Audi Q7 нема шанси за успех во „натпреварувањето“ со Лада 4x4 на завеаните руски беспаќа

Lada.ru

Лада 4x4 има поголема проодност во услови на руска зима од германскиот кросовер.

И додека за кросоверот од премиум класата Audi Q7 рускиот пат завеан со снег е преголем залак со кој не е во состојба да се избори, Лада 4x4 се движи во истите услови без какви било проблеми, констатираа корисниците на интернетот кои го прегледаа видеото објавено на „Јутјуб“.

На снимката која нејзиниот автор ја нарече „Audi Q7 vs Lada Niva“ се гледа како германскиот автомобил, кој се обиде да одмине едно возило долж работ на коловозот, заглавува во снегот и не може понатаму. Во тој момент во видеото се појавува „Нива“ која без проблем поминува по завеаниот пат. Поточно, во позадината на снимката „Нивата“ „пролетува“ додека нејзиниот германски опонент се обидува да се извлече од навевот.

Љубителите на автомобили заклучија дека снегот и руската зима претставуваат преголемо искушение за Audi Q7 кога треба да се симне од асфалтиран пат.

„Не е Германецот за руска зима“, го коментираа видеото корисниците на интернетот на една од бројните социјални мрежи на која е објавена снимката. Еден коментатор изнесе мислење дека работата всушност не е во автомобилот, туку во сигурните тркала и умешноста на возачот.

Погледнете го и ова видео: Лада Нива - без граници

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња