„Аурус стаса во Буенос Аирес“, запиша на својот профил на Твитер Дмитриј Смирнов, новинар на „Комсомољскаја правда“ кој го следи самитот, истакнувајќи дека Путин по улиците на Буенос Аирес се движи со автомобил во колона од нови руски возила од проектот „Кортеж“ (кој од првите најави па сè до појавувањето на претседателската лимузина предизвикува несомнен интерес во светските медиуми).
«Аурус» доехал до Аргентины: Путин перемещается по Буэнос-Айресу на кортеже из «Кортежей» pic.twitter.com/AtDC9LTwxP
— Дмитрий Смирнов (@dimsmirnov175) November 30, 2018
Моќен и гламурозен новиот руски автомобил од премиум класа предизвика воодушевување кај фоторепортерите на пречекот на рускиот лидер, кои постојано ги притискаа копчињата на фотоапаратите за да го фатат Владимир Путин со лимузината „Аурус“ во позадина, пренесоа руските медиуми.
Аргентинските новинари лимузината на рускиот лидер ја нарекоа вистински бункер на тркала, истакнувајќи дека автомобилот е отпорен на куршуми со голем калибар и на експлозија. Интересирањето од страна на медиумите го подгреваше и фактот дека определени факти поврзани со лимузината од проектот „Кортеж“ не се достапни за јавноста.
Путин и за време на неодамнешната посета на Париз ја користеше лимузината „Аурус“. Во јули во Хелсинки, каде рускиот претседател се состана со американскиот колега Доналд Трамп, новиот руски автомобил од прочуениот проект „Кортеж“ со кој по улиците на главниот град на Финска се возеше Владимир Путин, за првпат излезе надвор од границите на Русија.
Лимузината „Аурус Сенат“ беше создадена во рамките на проектот „Кортеж“ или Единствени модуларни платформи кои се базираат на различни каросерии на автомобили наменети за највисоките функционери на руската држава, на јавноста за првпат ѝ беа претставени на инаугурацијата на Владимир Путин во Кремљ, во мај оваа година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче