Ишараниот од глава до петици балетан Полунин го украси телото и со ликот на Путин

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Enfant terrible на рускиот балет, талентираниот танчар Сергеј Полунин кој се прослави ширум светот и со својот видеоклип за песната Take me to church, како човек роден во советскиот период во Херсон и украински државјанин, конечно доби и руско државјанство, а веста за тоа веднаш ја објави на својот профил на „Инстаграм“. 

И не само тоа. Полунин е познат по своето тело покриено со тетоважи, а сега има и нова слика: 

Сергеј под фотографијата го напиша следниов коментар: „Доброто мора да биде агресивно како и злото! Мојата љубов и поддршка за Русија. Љубовта ќе ги победи сите“.