Руската државна железница направи концепт на воз со голема брзина

Скоростные магистрали

Руската државна компанија АД. „Руски железници“ направи концепт на воз со голема брзина, соопшти „Брзи магистрали“ (Скоростные магистрал), пренесува РИА „Новости“.

„Брзи магистрали“ се филијала на „Руски железници“ специјализирана за проекти на железници со големи брзини.

Новото железничко возило со голема брзина ќе има 12 вагони со 682 патнички седишта и 40 седишта во бистрото. Вагоните се поделени во четири категории – еден за прва класа, еден за деловна, еден за бистро, четири за економска класа и пет за туристичка. Вагоните ќе бидат во беж, зелена и црвена боја. Седиштата во прва класа се расклопуваат и навалуваат во склад со потребите од комфор на патниците.

Демонстративната брзина на возот изнесува 400 километри на час. Колку за споредба, брзината на рускиот електричен воз „Сапсан“ е 250 километри на час.

Во моментов во Русија нема брзи возови. Првиот проект од овој вид има за цел изградба на пруга на релацијата Москва-Казањ и тоа по цена од 1,7 билиони рубли. Со нејзината реализација траењето на патувањето ќе се скрати од моменталните 14 часа на 3,5 часа. Почетокот на работите на железницата е планиран за наредната година, иако „Ведомости“ уште пред година дена пишуваа дека може да дојде до поместување на роковите.

Пробното возење ќе биде од Москва до Гороховец во Владимирската област. 

Прочитајте повеќе: Значително поудобен руски воз: Погледнете како ќе изгледаат новите вагони од трета класа

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња