Мнозинството граѓани на Русија (84%) се сметаат себеси за среќни, а како причини ги наведуваат семејството, доброто здравје и работата. Тоа го покажуваат резултатите од анкетата на Серускиот центар за проучување на јавното мислење (ВЦИОМ), со кои располага агенцијата ТАСС.
„Нивото на среќа на руските граѓани, според нивното субјективно чувство, и понатаму е на високо ниво: 84% испитаници одговорија дека се среќни. Овој процент е висок во сите социјално-демографски групи, но може сепак да се забележи дека луѓето со добра, според сопствената процена, материјална состојба (94% од нив се среќни) се пооптимистични во споредба со луѓето кои се жалат на својата материјална положба (66% од нив се среќни)”, се наведува во извештајот.
Според податоците од истражувањето на ВЦИОМ, среќа на Русите им пружа, како и претходно, семејството, со тоа што последниве шест месеци значењето на овој фактор се зголемило. „Сега 33% испитаници велат дека се чувствуваат среќно благодарение на семејството (во однос на 30% пред шест месеци)“, се наведува во документот. Од март 2018 година исто така се зголеми бројот на оние кои му се радуваат на животот, затоа што се чувствуваат здраво: овој показател од 16% порасна на 21%. За останатите извор на среќата се децата и добрата работа - по 15% испитаници.
„На прво место на списокот причини кои ги прават луѓето несреќни се материјалните тешкотии (12%)”, се наведува во документот. Незадоволство и тага предизвикуваат и „лошата ситуација во земјата“ (9%), лошото здравје и ниските плати и доцнењето на исплатите (по 5%).
Анкетата покажа дека 32% испитаници гледа мнозинство среќни луѓе меѓу познаниците и блиските луѓе, додека 16% анкетирани во своето опкружување пронаоѓа поголем број луѓе кои се незадоволни од својот живот. Притоа секој испитаник (48%) вели дека во опкружувањето забележува приближно еднаков број среќни и несреќни лица.
Серуската анкета „ВЦИОМ-Спутник” беше спроведена на 14 ноември. Во неа учествуваа 1,6 илјади руски граѓани постари од 18 години. Беше користена методата на телефонско интервју по случаен избор на броеви на фиксни и мобилни телефони. Максималната грешка со веројатност од 95% изнесува 2,5%.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче