Руските борачи на Светското првенство во Будимпешта освоија десет златни медали

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Руските борачи во Будимпешта поставија апсолутен рекорд во историјата на комбинираните светски првенства во борење. Руските спортисти ги извојуваа десетте најсјајни одличја. Од тоа шест освоија во грчко-римски стил, а три злата заслужија последниот ден од натпреварувањето.

Сергеј Семјонов беше најдобар во категоријата до 130 килограми. Муса Евлоев освоио злато во категоријата до 97 килограми, а Александар Чехиркин во категоријата до 77 килограми.

Меѓутоа, најдолго ќе се памети победата на Абдулрашид Садуев над Американецот Кајл Снајдер. Рускиот борач во слободен стил успеа да му се реваншира на Американецот по минатогодишниот пораз во Париз.