Путин им донесе на Меркел, Макрон и Ердоган риба и други деликатеси од Сибир

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Портпаролот на рускиот лидер Дмитриј Песков раскажа што претседателот на Русија Владимир Путин им донесе како подарок на светските лидери кои учествуваа во истанбулскиот самит посветен на Сирија.

Според зборовите на Песков, Путин донел „риба, јагодести и орешести плодови и други деликатеси“, пренесува агенцијат ТАСС.

Путин ги донесе подароците од Ханти-Мансијск, кој го посети пред да замине за Истанбул.

Во Истанбул Владимир Путин се сретна со лидерите на Германија, Франција и Турција Ангела Меркел, Емануел Макрон и Реџеп Таип Ердоган.

Прочитајте повеќе: Путин му подари на Си Ѓинпин руска бања