Сликата е симболична
Global Look PressНа социјалната мрежа „Инстаграм“ е објавена снимка на автомобил БМВ М6 кој на автопат во Подмосковјето јури со брзина од 300 километри на час.
Автомобилот, кој судејќи според сѐ „летал“ кон московскиот аеродром Шереметјево, се движел со брзина од речици 300 км/ч, што може да се спореди со брзината на полетување на еден авион.
На снимката објавена на интернет на 15 октомври вечерта, се гледа брзинометарот во теренецот.
„Кога многу ти се брза на аеродром. Продолжуваме да предизвикуваме усплахиреност на подрачјето на главниот град“, напиша корисникот на „Инстаграм“ кој ја постираше видеоснимката на својот профил.
Во коментарите корисниците на интернетот се прашуваат зошто на овој безобѕирен возач му било потребно на оди на аеродром кога веќе „лета“ со својот автомобил и на тој начин може да стигне побрзо отколку со авион.
Полицијата засега не ја коментира видеоснимката на разузданото возење.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче