Блогерот Едуард Филипов од сибирскиот град Тјумењ наполни обична акрилна када за бања со вода, ја закачи за автомобилот, на другарот му даде да вози и така тргна во лудо возење низ градот само во боксерки. Пред тоа скокна до „Мекдоналдс“ по пофмрит и кока-кола.
Филипов објави дека ја организирал акцијата во знак на поддршка за талентираните луѓе од провинцијата. „Многумина мислат дека талентот не може да се реализира без да заминат во главниот град“, констатира Едуард.
Блогерот се возеше цел саат по централните градски улици и никој не се ни обиде да го запре. За тоа време го изеде помфритот и се искапи. Видеоснимката од веселата авантура која наиде на одобрување (возачи му трубеа и го поздравуваа развеселениот Едуард во кадата) ја објави на својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“. Снимката ја коментираше со зборовите: „Прави го она што го сакаш, и онака ќе те осудуваат до крајот на животот“.
Сообраќајната полиција ги пронајде блогерот и неговиот другар и ги казни со илјада рубли (12 евра) поради „кршење на правилата за превоз на луѓе“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче