Валентина Терешкова донираше милион рубли на црквата

Global Look Press

Првата жена-космонаут Валентина Терешкова одлучи да му подари на храмот „Св. Николај Чудотворец“ еден милион рубли (13 илјди евра), паричен дел од наградата на Евроазискиот женски форум за придонес за мир.

Како што изјави таа, парите ќе бидат употребени за сликање на црквата што се наоѓа во селото Никуљское во Јарославската област, каде е родена Терешкова. Храмот, чија изградба таа ја најави пред 5 години, беше осветен на 16 јуни оваа година, на 55-годишнината од нејзиниот лет во вселената. Меѓутоа, на рускиот сегмент на интернетот, се појавија жестоки дискусии по тој повод. Многумина ја осудија првата жена-космонаут поради тоа што таа не ги донирала парите за лекување на болни деца или за некое друго добро дело.

Така, на пример, корисникот на интернет Natalya Osipova пишува: „Се разбира дека е работа лично на Терешкова како ќе ги потроши парите и кому ќе ги даде. Меѓутоа, тоа е парадоксална постапка, во ситуација во која за болните деца од жителите на огромната Русија на телевизија се собираат пари за лажичка. Колку само деца би можеле да бидат оперирани, да живеат долго и да ја споменуваат по добро“.

Имаше и такви кои ја критикуваа Терешкова, која е пратеничка во руската Државна Дума, поради блискост со власта. Корисникот Каљан (Кальян) го констатира следново: „Дури и таква жена, првата жена-космонаут, ја проголта системот на власта во Русија“.

Нина Малина пишува: „Терешкова има преку 80 години, мора да се погрижи за себе. Време е заминување од Думата и пензија, штом размислува за вечноста. Но, платата и привилегиите не дозволуваат“.

Ништо помалку не беа и позитивните коментари и убавите зборови во знак на поддршка.

„Таа жена е пример за храброст, великодушност и племенитост. И не е наше да ѝ судиме. Прво направете лет во вселената, а потоа цел живот се занимавате со добродетелство, трудејќи се да помогнете буквално секому што ќе ви се обрати. А потоа ги пребројувате туѓите при и делите совети“, напиша Ирина Леонова. 

„И со што ги разгневи таа корисниците на интернетот? Со постапката вредна за почит?“, додаде корисникот Скиф Росија (Скиф Россия).

Погледнете го видеото за легендарната Валентина Терешкова, првата жена во вселената

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња