Ќебапчиња: Како балканската храна благодарение на забавна реклама стана популарна во Русија

rusreklama/YouTube
Компанијата „Мираторг“ сними серија весели реклами за ќебапите и на тој начин запозна милиони Руси со балканскиот специјалитет.

Во 2017 година руската компанија „Мираторг“, специјализирана за производи од месо, го збогати својот асортиман со јадење од балканската традиционална кујна и сними весели рекламни спотови кои се прикажуваат на популарните руски ТВ канали.

Рекламната кампања почна уште на почетокот на годината. Во првиот спот главните ликови се обидуваат правилно да изговорат необични за Русите гласови и зборот „ќебапчиња“ („чевапчичи“).

Кога производот веќе стана популарен кон средината на годината, почна сезоната на скара, па се појави и нова реклама.

Руските потрошувачи очигледно ги оценија ќебапите на позната компанија затоа што на крајот на годината е снимена уште една реклама. Сцените со весело младо друштво се проследени со мелодијата на познатата советска песна „Кога пријателите е покрај мене“. Таа песна одлично ја знае секој Русин уште од мали нозе. А зборовите кои ги слушаме во рекламата се своевидна изјава на љубов спрема ќебапчињата:

(во слободен превод)

И да врне, и да вее, и дожд да лее, 

тогаш ќебапчињата се со мене!

А кога сме веќе кај музиката, еве ја песната во оригинал:

Если с другом вышел в путь, 
Если с другом вышел в путь - 
Веселей дорога! 

Без друзей меня - чуть-чуть, 
Без друзей меня - чуть-чуть, 
А с друзьями много! 

Что мне снег, что мне зной, 
Что мне дождик проливной, 
Когда мои друзья со мной!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња