Изградбата на првиот во главниот град црквен комплекс на Светите царски маченици ќе биде завршена кон средината на 2019 година, изјави раководителот на „Програма 200“ и пратеник во Државната дума Владимир Ресин, пренесуваат руските медиуми.
Оваа година во храмот е поставен дрвен иконостас и привршуваат работите на покривот и фасадата. „Разубавувањето на територијата ќе почне следната година, кога ќе завршат сите архитектонски работи. Храмот ќе биде готов во втората половина на 2019“, вели Ресин.
Камен-темелникот на храмот кој може да прими 200 верници е поставен 2013 година, по повод одбележувањето 400 години од Домот на Романови. Тоа ќе биде првата во Москва црква во чест на стреланото царско семејство.
Програмата за изградба на цркви во новите населби кои никнуваат на периферијата на Москва се појави 2011 година и оттогаш се подигнати повеќе од 40 храмови, додека 28 се во изградба. Црквите се подигаат исклучително благодарение на донациите од верниците.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче