Во паркот „Патриот“ е осветен камен-темелникот на Главниот храм на Вооруженте сили на Русија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Претседателот на Русија Владимир Путин учествуваше на церемонијата на осветување на камен-темелникот на Главниот храм на Вооружените сили на Русија, кој ќе биде подигнат на територијата на паркот „Патриот“ во близина на подмосковското гратче Кубинка по повод обележувањето на 75 години на Победата во Големата татковинска војна.

Заедно со шефот на Руската држава во свечената церемонија учествуваше и министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу и патријархот Московски и на цела Русија Кирил.