Таткото и тренер на Хабиб Нурмагомедов откри кои ривали мечтае да ги победи неговиот син

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Тренерот на славниот дагестански УФЦ борец Хабиб Нурмагомедов и негов татко Абдулманап кажа со кој во октагон ќе се бори неговиот син по мечот со Ирецот Конор Мекгергор.

„Размислуваме ли за борби по Мекгрекор? Да. Тоа се Тони Фергусон и Џорџ Сент Пјер. Тоа се сериозни борци кои би сакал да ги победиме. Самата смисла на микс-фајтот е во средбата со борците како што е Сент Пјер. Тоа е изводливо. Тој добива на килажа, но и ние сме подготвени да преминеме во следната категорија“, изјави Абдулманап Нурмагомедов.

Мечот помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мекгрегор за кој постои незапаметено интересирање ќе се одржи на шести октомври во Лас Вегас.