Во Белград му беа врачени клучевите од теренското возило „Лада“ на капитенот на фудбалската репрезентација на Србија и дефанзивец на „Рома“ Александар Коларов.
Руски Дом во Белград
Автомобилот му е подарен на Коларов по одлуката на привремениот вршител на должноста губернатор на Самарската област Дмитриј Азаров за првиот гол постигнат на Светското фудбалско првенство 2018 на стадионот „Самара Арена“. Џипот е украсен со фудбалски симболи со импровизиран монитор кој потсетува на победата на Србија над Костарика.
Руски Дом во Белград
Подарокот на српскиот фудбалер му го врачи амбасадорот на Русија во Србија Александар Чепурин. Притоа тој им посака на српската репрезентација и на нејзиниот капитен успех во идните натпреварувања и го изрази своето лично воодушевување од спортските квалитети и карактерот на Александар Коларов.
Руски Дом во Белград
На церемонијата на врачувањето присуствуваа претставници на Самарската област, Трговско-индустриската комора на РФ во Србија, како и службеници на Рускиот центар за наука и култура „Руски дом“ кои се грижат за реализацијата на спортската и културно-информативна програма во рамките на проектот „Руски дом на навивачите“, започнат во врска со СП-2018 во Русија.
Руски Дом во Белград