На Игнат Голдман, жител на Москва, му останува да се чуди откако „Сбербанк“ погрешно го искористи неговиот телефонски број во реклама која промовира парични трансакции меѓу водечката руска банка и банката „Тинкоф“.
Во објава на „Фејсбук“ Голдман вели дека како резултат добил околу 5000 рубли (70 долари) преку мобилни трансфери од десетици непознати лица, пред да ја блокира својата картичка за да спречи понатамошни трансакции. Тој, исто така, вели дека разни луѓе му ѕвонат, му се закануваат и го обвинуваат за измама.
Голдман планира да ја тужи „Сбербанк“ за повреда на неговата приватност и предизвикување стрес.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче