Шојгу: Министерството за одбрана на Русија го гради третиот најголем православен храм на светот

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Министерството за одбрана на Русија планира во подмосковскиот парк за култура и одмор „Патриот“ да изгради централен храм на Вооружените сили.

Духовниот и просветен центар, според сѐ, третиот по височина православен храм во светот (по храмот „Христос Спасител“ во Москва  и Исакиевскиот собор во Санкт Петербург), ќе се гради од донации и свечено ќе биде отворен за 75-годишнината од Победата во Големата татковинска војна, пишуваат руските медиуми.

Министерството за одбрана на Русија ја реализира изградбата на главниот храм на Вооружените сили во паркот „Патриот“. Оваа замисла наиде на поддршка во јавноста, органите на државната власт, воената команда, а беше отелотворена во идејно решение за комплекс на храм, рече рускиот министер за одбрана, генерал на армија Сергеј Шојгу на седницата на колегиумот на воениот ресор.

Како што нагласи тој, храмот ќе биде духовен, научен и просветен центар за војниците, православните свештеници и руските граѓани. На просторот на комплексот е биде приредена изложба посветена на историјата на создавањето на руската држава и нејзините вооружени сили. Новооснованиот добротворен фонд „Воскресение“ треба да ја поддржи изградбата на храмот.