Постојат неколку земју кои на своите државјани им издаваат таканаречен „внатрешен“ и „меѓународен“ пасош. Меѓу малобројните држави од овој тип се Русија, Украина и Северна Кореја. Доколку нивните граѓани треба да излезат од земјата, тогаш е природно државата внимателно да го контролира нивното движење. Така било во СССР.
На руски пасош се нарекува „паспорт“ (потекнува од францускиот збор кој значи „да се мине низ градската порта“). Овој документ порано се издавал како патен документ кој му овозможувал на граѓанинот на определено војводство или на определено кралство да излезе надвор од државните граници и да влезе во други странски градови, области итн.
На пример, ако некој сакал да ја напушти територијата на Московското кнежевство, тој морал да побара да му се издаде „патна книга“. Неа можел да ја издаде само царот и тоа само на имашните благородници и трговци. Оваа „книга“ била единствениот документ со кој вистинските патници се разликувале од талкачите и од бездомниците.
„Пaтна книга“ од 16 век издадена од страна на царот Иван Грозни.
VFP/WikipediaОд 18 век во Русија се издава документ за движење во самата руска територија и за контролирање на миграцијата во земјата. Тогаш во Русија на сила било кметството, така што избеганите кметови ги фаќале и ги враќале на нивните стопани. Патувањето по земјата без овие „внатрешни“ документи било опасно.
„Внатрешна“ патна исправа од 19 век издадена по налог на имперторот Александар I.
Русский мирПо индустриската и сообраќајната револуција во втората половина на 19 век пораснала и потребата за контрола на внатрешната миграција. Со овој проблем за првпат се соочила царската, а потоа и советската власт. Се појавил систем на печат со регистрација.
Жителите на советските градови за првпат ги добиле домашните пасоши во триесеттите години од минатиот век, додека жителите на селата ова право го стекнале во шеесеттите години од минатиот век. Државата не сакала луѓето да ги напуштаат селата и затоа не им издавала „внатрешни пасоши“. Сите советски граѓани добиле пасоши дури во 1974 година.
За разлика од денешните руски „внатрешни“ пасоши, во советските документи била напишана и националната припадност, што од време на време било причина за неволји и дискриминација. Во денешните руски пасоши и понатаму има печат со кој се регистрира местото на постојан престој на сопственикот на пасошот.
Советски туристи во Брисел, Белгија, 1958.
Василиј Егоров/TASSСоветската држава внимателно го следела секој што заминувал во странство. КГБ ги следело официјалните делегации, спортските тимови, оркестрите и балетските ансамбли. Тајните агенти патувале заедно со нив и воделе сметка никој да не десертира и никој да не предаде државна тајна.
На оние што заминувале во странство на службено патување или на одмор им се издавале специјални документи познати како „меѓународен пасош“. Овој документ постои и денес, што е разбирливо со оглед дека многу советски граѓани имале меѓународен пасоши за време на распадот на СССР, и сите тие пасоши морале и понатаму да бидат во важност за да не се измести целиот царински систем. Дури по истекот на рокот на важење на овој докумет граѓаните добиле руски меѓународен пасош.
Во Белорусија советскиот систем е ликвидиран во текот на деведесеттите години од минатиот век, така што државјаните на оваа земја имаат само еден документ кој истовремено служи и како лична карта и како пасош.
Руски „внатрешен“ пасош.
Андреј Лубимов/Агенција „Москва“Националниот пасош во Русија ја има истата функција како личната карта во Македонија. Оваа функција во САД ја има возачката дозвола, додека во поголемиот дел европски држави здравствената книшка може да послужи како документ за идентификација на личноста. Поголемиот дел жители од западот исто така имаат два вакви документи – пасош за меѓународни патувања и документ кој важи во границата на земјата.
Државјанинот на Русија е должен постојано да го носи националниот пасош. Од друга страна, во законот за пасоши се вели дека овој документ мора да биде „на сигурно“ и поради тоа многу жители на Русија прават фотокопија од своите пасоши и ја носат со себе. Денес е лесно повторно да се извади изгубен пасош, благодарение на официјалните државни сајтови, но никој не сака да губи време. Како што веќе рековме во Русија постојат многу места каде може да ви затреба внатрешниот пасош.
Меѓународниот пасош им е потребен на помал број граѓани на Русија. Според податоците од невладината организација „Левада центар“ во 2014 година дури 76% од граѓаните на Русија никогаш не патувале надвор од границите на поранешниот СССР. Само 7% од граѓаните секоја година заминуваат во странство, додека 8% тоа го прават два или три пати годишно. Освен тоа, 67% од граѓаните на Русија постари од 55 години никогаш не биле во странство, а вкупно само 30% од жителите поседуваат важечки меѓународен пасош.
Сепак, пред да се растажите поради тоа што мнозинството Руси никогаш не биле во странство, можеби ќе ви биде интересен податокот дека, на пример, 64% од Американците никогаш не патувале во странство зашто за такво нешто е потребно да се мине големо растојание. Поради истата причина луѓето кои живеат во Сибир, на рускиот север или на рускиот Далечен исток речиси не можат да патуваат по светот, особено ако се земат превид нивните скромни примања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче