Игор Капранов: Беше хеви метал ѕвезда на Русија, а стана пејач во црковен хор

Скриншот

„Јутјуб“ каналот „Вера во големиот град“ (Вера в большом городе) (познатата американска ТВ серија „Сексот и градот“ во Русија е позната под насловот „Секс во големиот град“ (Секс в большом городе“) е новиот проект на контроверзната руска водитела Валерија Гај Германика посветен на познати луѓе кои живеат во руските милионски градови и имаат што да кажат за православието, за луѓето кои не наоѓаат противречности меѓу верата и она со што се занимаваат во животот.

Гостин во една од првите епизоди на овој проект е Игор Капранов, бивша рок ѕвезда, бивш вокалист на многу популарната во Русија хеви метал група „Аматори“.

Игор во ова интервју зборува како го пронашол Бога, ја оставил рок музиката и денес воспитува две деца, заработува како инженер за продажба, пее во црковен хор, се занимава со мисионерска работа посетувајќи затвореници и барем еднаш неделно присуствува на богослужба.

Пеењето е прекрасна можност човек „да остане во традицијата“, вели Игор. „Важен аспект на црквата е тоа што човек во неа почнува да се превоспитува благодарение на религиозниот простор и културата (иконите, пеењето, естетиката) и во него се појавува чувство на вкус кое подоцна нема да му дозволи да прави грди дела“ вели тој.

Рок музиката не се развива и таа мора да исчезне, смета Капранов, а на нејзино место ќе се појави нешто поинтересно.

Игор Капранов како фронтмен на групата Amatory во средината на 2000-те

„Зошто на младите им се интересни рок ѕвездите? Затоа што чувствуваат некаква благодарност поради нивното творештво. Младите слушаат музика која одговара на нивното внатрешно расположение и им се чини дека некој ги разбора. Мораме да го поставиме прашањето: Ако луѓето со помош на музиката се обидуваат да го заборават она што ги тишти, што е тоа што можеме да им го дадеме за да нивната тага ја замени радост?

Страдањата кои човек ги чувствува можат да бидат измислени. Страдањата и творештвото не мора секогаш да одат заедно. Тоа се сосем различни работи. На пример, вокалистот на групата „Линкин парк“ кој неодамна изврши самоубиство имаше сѐ: и успех и творештво, беше татко на шест деца, но тоа творештво не го спаси. Јас го оставив животот на рок ѕвезда оној момент кога сфатив дека тој мој живот ме води во гроб“, вели Игор Капранов. 

Прочитајте повеќе: Циганите летаат во православието: Поради верата во Бога се одметнал од семејниот наркобизнис

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња