Средби со патријархот, иконопис и манастирска храна: Форум на православната младина во Москва

Третиот по ред меѓународен православен младински форум ќе се одржи на 23 август во изложбениот комплекс ВНДХ во Москва во организација на Синодалното одделение за младина на РПЦ во соработка со владата на Москва.

Манифестацијата е со цел да ја собере православната младина која сака во живот да ги внесе традиционалните морални вредности. Како што се очекува, на годинешниот форум ќе учествуваат 15 илјади млади од православна вера. Ќе бидат претставени преку 50 проекти од сферата на уметноста, спортот, музиката, хуманистичките науки, гастрономијата, земјоделието и пејзажната архитектура. За најперспективните, општествено релевантни, оригинални младински иницијативи се наменети субвенции за развој кои ги доделуваат патријархот Кирил и градоначалникот на Москва.

Посетителите на форумот ќе можат да ги научат основите на иконописот и реставрацијата на дрвени цркви, да видат автобус-храм, да проникнат во тајните на фрескописот и мозаикот. Ќе имаат можност и да овладеат со вештината на црковна калиграфија и да се обидат да сошијат богослужбена облека, да подготвуваат јадења од манастирската кујна и уште многу други нешта.

Меѓу гостите ќе биде шефот на Администрацијата на претседателот на РФ, раководители на федералните органи на државната власт, истакнати научни, просветни и културни работници, уметници, угледни свештеници, успешни претприемачи, лидери на општествени младински движења, членови на доброволечки и мисионерски организации. Тие на Меѓународниот православен младински форум ќе држат интересни предавања. Како што се очекува, главниот настан ќе биде средбата на рускиот патријарх Кирил со младите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња