Рекордно намален бројот на деца во домовите за сираци во Русија

Алексеј Мјакишев/Russian Look/Global Look Press

Министерството за образование на Русија бележи рекордно мал број на деца во руските домови за сираци. Помал е од 48 илјади.

„На ден 1 септември во базата на податоци за деца без родителска грижа (која ја води Министерството за образование) се наоѓаат 47,8 илјади деца. Тоа е најмалиот број во целата понова историја на Русија“, изјави за „Известија” членот на Советот за прашања на правата и интересите на сирачињата при Министерството за образование Армен Попов.

Тој соопшти дека уште пред пет години на списокот имало 68,8 илјади деца, а пред 10 години - 115,6 илјади.

Освен тоа, според Попов, во моментов бројот на деца без родителска грижа кои ги земаат семејствата е поголем од бројот на деца кои доаѓаат во домовите за сираци. Денес во Русија има околу 180 илјади хранителски семејства и посвојувачи, а уште отприлика толку деца живеат кај роднини.

„Во Русија денес ја забележуваме и следнава тенденција: луѓето почесто земаат деца со инвалидитет. Луѓето чувствуваа потреба да им помогнат. На пример, денес во дом не може да се најде дете со Даунов синдром. Нив веднаш ги примаат во семејства, најчесто така каде што веќе имаат такво дете“, додаде Попов.

Претходно Министерството за образование подготви предлог-закон според кој од 1 јануари 2020 година максималниот број на деца кои може да ги има старател, вклучувајќи ги родените деца и децата под старателство, ќе биде ограничен на три.

Прочитајте повеќе: Владимир Путин за посвојувањето деца во Русија

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња