Владимир Путин за посвојувањето деца во Русија

Извор: ИТАР-ТАСС.

Извор: ИТАР-ТАСС.

Претседателот Владимир Путин во Ново–Огарjoво, каде се наоѓа официјалната резиденција на претседателот, на средбата со вицепремиерот Олга Голодец повика да се сврти вниманието кон судбината на сирачињата и децата кои се оставени без родителска грижа.

„Моментално кај нас активно се дискутира за прашањата поврзани со странските посвојувања. Тоа, секако, е важна тема, но не и најважна. Поважно е како кај нас се одгледуваат и како се воспитуваат децата кои останале без родителска грижа, децата – сираци. Јас сметам, дека странското посвојување – тоа се неколку стотици лица, а сирачиња и деца што останале без родителска грижа, кај нас, за жал, има илјадници“, - со тие зборови шефот на државата се заинтересира за тоа како владата го исполнува неговиот декемвриски указ.

Кремљ е против целосна забрана за посвојување на руски деца на странци, освен за Американци.  

„Во Русија има 128 илјади деца оставени без родителска грижа и на кои име е потребно ново згрижувачко семејство. За една година на посвојување во семејства биле дадени 69 илјади деца“, - реферираше Голодец. За пакетот документи, што ја формира новата политика од сферата на посвојување, веќе беше дискутирано во владата, соопшти таа. Наскоро тој ќе биде испратен во државната Дума. Задачата што си ја поставивме е да бројот на сирачињата да се намали за 30 илјади во текот на следната година. 

Државата создава услови за оние што се подготвени да посвојат сираче, но не можат поради законските особености. Тоа се пред сè постарите браќа и сестри. „Денес во нашиот нацрт-закон разлика, која е неопходна за посвојувачите и посвојуваните, не постои“, појасни Голодец. 

„Втората тема е низа заболувања, што многу често претставува сериозна пречка за посвојување од страна на бабите, дедовците и родителите. Денес, на пример, онколошките заболувања од прв или од втор степен, по лекувањето веќе не се пречка која за посвојување на децата, како што беше случај претходно“, соопшти вицепремиерот. 

Упростени се и бирократските процедури. Покрај тоа, предвиден е и материјален стимул: за 20% е зголемен надоместокот за деца–инвалиди (до 8700 рубли месечно) и еднократен надомест за оние што ќе посвојат дете од категоријата со ограничени способности, или од оние што веќе наполниле 7 години.

Cо новите мерки за поддршка за посвојување во Русија ќе бидат потребни 40 милијарди рубли годишно. Но, не се важни парите, туку измените во односот на општеството.

Голодец, исто така зборуваше за плановите за медицинските прегледи на сираците, кои се згрижени од страна на државата, до 1 јули, со цел да се уточнат дијагнозите. Високотехнолошката медицинска помош и психолошката поддршка за тие деца е гарантирана, уверува таа. 

„Ние сме во состојба да им ја овозможиме сета високотехнолошка помош на децата“, - потврди Голодец. Според нејзините податоци, во земјата има 576 илјади деца–инвалиди. По ревизијата на заштитните мерки на медицинската помош се покажа дека од стандардите се исклучени такви мерки, како што се хемотерапијата и ендопротетиката. „Неразумно исклучени“, - се вмеша Путин. А Голодец го увери, дека ќе ги врати во програмата на задолжителното здравствено осигурување. 

Покрај тоа, во Русија има 14.164 деца, кои страдаат од тешки заболувања и се наоѓаат во специјални здравствени установи. За сè е разработена програма, соопшти вицепремиерот. „Но, многу старатели велат дека, дијагнозите не се сосема точно поставени“, забележа таа. Поточно, тоа се однесува за психичката попреченост, но всушност не е така често. 

„Ако правилно ве разбрав, вие уште на самиот почеток имате намера да спроведете продлабочено истражување, а потоа да предложите мерки за поддршка на овие деца и на нивното закрепнување“, - уточни претседателот. 

„Да, за овие деца, на кои се разбира дека треба да им се пружи помош, и покрај тоа што им ја обезбедуваме, повторно ќе спроведеме продлабочено истражување“, - потврди Голодец. 

Во разговор со новинарите, вицепремиерот изјави дека со новите мерки за поддршка за посвојување во Русија ќе бидат потребни 40 милијарди рубли годишно. Но, не се важни парите, туку измените во односот на општеството. „Ние мораме да бидеме повнимателни и подобри“, - објасни таа. 

Голодец објасни, дека има региони, во кои е достигнато посвојување и до 94% (Пензенската област), а ниту едно сиропиталиште нема во Ингушетија. А, ете, во Орловска област само 60% од сираците нашле нови родители. 

Сега органите надлежни за старателство ќе бидат обврзани на семејствата со посвоени деца да им обезбедат медицинска, педагошка и психолошка поддршка. „Од 69 илјади посвоени деца во минатата година, 4,5 илјади биле вратени – тоа е тешка трагедија за секое дете“, - забележа Голодец. На ред чекаат 18 илјади семејства, но тие сакаат да посвојат здрави деца, додаде таа. Вицепремиерот исто така објасни дека, сумата од 100 илјади рубли, за оној кој ќе одгледува дете–инвалид, нема да биде поттикнувачка и нема да биде од корист, но ќе помогне при адаптација на детето. 

Претседателскиот гласноговорник Дмитриј Песков, коментирајќи ја темата за посвојување, им изјави на новинарите, дека Кремљ е против целосна забрана за посвојување на руски деца на странци, освен за Американци. Забраната се однесува на руските органи кои немаат можност да го контролираат животниот пат и условите за посвојување деца на територијата на САД. Такви проблеми со други земји нема“, - појасни тој. 

Но, за судбината на децата не се говореше само во Ново–Огарjoво. Следниот кој Владимир Путин го повика во кабинетот, е гувернерот на Московската област Андреј Воробјов. Во вторникот изминаа сто дена од моментот кога шефот на државата го назначи него на оваа функција. 

„Важно беше да се обезбеди континуитет“, - коментираше Воробјов за својата работа. Секоја недела тој ја почнува со комуникација со жителите, и кон крајот на јануари тој со директно обраќање го претстави планот за развојот на областа.

Државата создава услови за оние што се подготвени да посвојат сираче, но не можат поради законските особености. Тоа се пред сè постарите браќа и сестри. 

Воробјов е убеден, дека неговиот регион може да стане лидер. „Тоа може некому да му изгледа како храбар предизвик“, - додаде тој, и јасно стави до знаење дека областа е во можност тоа да го стори. Навистина, економијата треба да биде поинаква, и буџетот не треба да изнесува 430 милијарди рубли, туку да биде помалку од трилион, со оглед на тоа дека во Москва тој изнесува 1,5 трилиони рубли. 

Кон крајот на отворениот дел од средбата со новинарите Воробјов потсети дека во по 200 дена е единствениот ден за гласање. „Ние, секако, ќе се подготвиме за овој ден“, - додаде тој. 

По Воробјов, во кабинетот на претседателот влезе претседателот на „Лукоил“ Вагит Алекперов. Тој соопшти дека, компанијата се подготвува да почне со геолошки истражувања на крајбрежјето на Јакутија. Владимир Путин исто така одржа две меѓународни средби: со министерот за надворешни работи на Кина Јанг Јиечи и со шефот на Ирачки Курдистан, Масуд Барзани. 

Претходниот ден, пак, претседателот официјално ги покани шефовите на државите и владите од Г-20 на самит во Санкт Петербург. Покрај тоа, Дмитриј Псков изјави дека, Русија со сите сили ќе бара да се симне од разгледување прашањето за исклучување на спортското борење од програмата на Олимписките игри.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња