Странскиот печат жали што Путин не го покажа повторно мускулестото торзо

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Странскиот печат објави фотографии од одморот на претседателот на Русија Владимир Путин во Република Тува (Сибир). Фотографиите, меѓутоа, не се како од ланскиот одмор во Сибир кога Путин повторно ги покажа голите гради, заклучува британскиот таблоид „Дејли Мирор“.

Изданието претпоставува дека целта на овие фотографии била да се покаже како 65-годишниот руски претседател „пуца од здравје“. Се искачи на високи планини, пливаше во Енисеј, со двоглед ги разгледуваше птиците, ја проучуваше локалната флора и фауна. Со еден збор, се однесуваше како водител на ТВ-емисии за дивата природа, забележува „Дејли Мирор“. 

Но Путин обично сака „мачо“ одмор, кога треба да се соблече маичката, продолжува британското издание. Додека оваа година тој одбра малку поскромно патување.

„Во војнички панталони и јакна, со рибарски шешир на главата, Путин сепак беше мачо кој замислено позира, ја разгледува природата и се вози со чамец по Енисеј“, пишува британскиот магазин.

Изданието „Сан“ забележува дека Путин изгледал како фраер со каубојскиот шешир и со очилата за сонце.

„Дејли Меил“ потсетува дека рускиот претседател неодамна изјави дека не се срами од популарноста стекната со фотографиите на кои се гледа неговото голо торзо. Путин ловеше риба со голо торзо за време на одморот 2017 година, а уште попопуларни се поранешните снимки кога тој јава коњ покажувајќи му ги на целиот свет своите мускули.

Прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков соопшти дека на 25 и 26 август Владимир Путин беше во руската Република Тува, каде го помина викендот одморајќи се во природа. Според Песков, на ова кратко патување на шефот на руската држава му се придружија министерот за одбрана Сергеј Шојгу, директорот на ФСБ Александар Бортников и директорот на Сајано-Шушенскиот природен резерват Генадиј Кисељов.

Погледнете ги фотографиите од претседателскиот одмор.