Легендарниот Т-34 на чело на парадна колона по повод 75-годишнината од победата во Курската битка

Скриншот

Тенкот Т- 34-85, произведен 1943 година во Челјабинскиот тракторски завод, доставен од Ленинградската област, ја предводеше механизираната колона во воената парада која се одржа во рускиот град Курск по повод 75-годишнината од победата на советската војска над силите на нацистичка Германија во Втората светска војна.

Покрај споменатиот тенк кој учествувал во битките во Втората светска војна, во парадата организирана по повод победата на Црвената армија во битката кај Курск, најголемата тенковска битка во историјата на војувањето, водена 49 дена (од 5 јули до 23 август 1943 година), продефилираа модернизирани повеќецевни ракетни фрлачи „Торнадо-Г“, тенкови Т-34, Т-72Б3, борбени возила на пешадијата БМП-2.

Публиката можеше да ги види единствените во Западниот воен округ самоодни 120-мм минофрлачи „Нона-СВК“, минофрлачки системи 2С12 „Сани“, лансирни уреди за беспилотни летала „Орлан-10“ поставени на оклопни возила „Тигар“, системи за радиоелектронска борба „Красуха“ со модификациите 2.О и 4-С, „Мурманск“. На крајот на колоната беше ракетен систем „Тoчка-У“.

Во завршницата на воената парада што ја следеа 17 илјади луѓе, на небото над Курск пролетаа хеликоптери Ми-24, Ка-52 и Ми-28, модернизирани ловци МиГ-29СМТ, како и ловци МиГ-31 и ловци од четврта генерација 4++.

Погледнете како Хитлер ја изгуби Курската битка и последната надеж да победи во Втората светска војна

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња