Во Русија пристигнува цел кинески полк со преку 3000 војници и 900 единици борбена техника

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

На руско-кинеската стратешка воена вежба „Восток-2018“, која ќе се одржи во Забајкалскиот регион, ќе учествуваат 3200 кинески војници со околу 900 единици борбена техника. Ова го соопштил кинеското Министерство за одбрана, пренесува информативниот портал „Интерфакс“.

Покрај копнена борбена техника, кинеската војска во маневрите ќе ги употреби и своите воздухопловни сили кои ќе се состојат од 30 авиони и хеликоптери. На вежбите кои ќе се одржат на воениот полигон Цугол во периодот од 9-15 септември оваа година, ќе бидат увежбувани сложени борбени сценарија кои ќе подразбираат содејство меѓу две пријателски војски. Со нив ќе раководат и управуваат за таа цел посебно формиран здружен команден штаб кој ќе се состои од највисоките офицери на двете војски.

Целта на овие вежби е сеопфатно унапредување на кинеско-руските односи кои попримија облик на стратешко партнерство и меѓусебна соработка, потоа понатамошно јакнење на врските меѓу двете армии,  заедничко увежбување на оперативни борбени состави за изведување на ефикасни операции против различни безбедносни предизвици кои се јавуваат денес во светот, како и јакнење на способностите за заеднички форми на мировни операции во регионот, но и ширум планетата. Двете земји се согласија дека ваквите активности не се насочени против ниедна земја или блок во светот.

Погледнете го видеото: Руските маринци се запознаваат со кинеска оклопна техника