Невероjатни 8:1 – Зенит го растури мински Динамо во квалификациите за Лигата на Европа!

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Синобелите ќе се сретнат со норвешки Молде (23 и 30 август, првиот меч се игра во Санкт Петербург).

Зенит до крајот на регуларниот тек на натпреварот успеа да го израмни резултатот од првиот меч, т.е. да постигне четири гола и да не прими ниеден. Стрелци беа Паредес во 22 минута, Нобоа во 66 и Артјом Ѕјуба во 75 и 78 минута.

Русите од 72 минута играа со играч помалку, затоа што поради втор жолт картон теренот мораше да го напушти Паредес, стрелецот на првиот погодок.

Во продолженијата белорускиот тим го намали водството со голот на Јахаја во 99 минута, а потоа следеше серија од уште четири погодоци за Зенит: Дриуси (109 минута), Ѕјуба (115) и Мак (120+2 и 120+3).