Фото: Руски хокеар изеде пељмени од пехарот на американскиот Стенли куп

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Одамна е воспоставен обичајот по завршувањето на хокеарската сезона сите играчи кои учествувале во освојувањето на познатиот Стенли куп да го добијат на еден ден трофејот заради популаризација на Националната хокеарска лига и хокејот како спорт.

Напаѓачот на „Вашингтон капиталс“, Русинот Евгениј Кузнецов, чиј тим првпат во својата 44-годишна историја конечно се овенча со познатото признание, го донесе трофејот во својата земја и градот Челјабинск. Кузнецов првин им го покажа пехарот на Стенли купот на децата во хокеарската школа во која порано одеше, а потоа пред почетокот на мечот на Купот на губернаторите на регионите ѝ го претстави на пошироката публика, пренесуваат медиумите.  

При крајот на денот Кузнецов го наполни пехарот со пељмени и почна да ги јаде. Ова го напиша на својот профил на „Твитер“ чуварот на пехарот Фил Причард.

„Ништо подобро за крај на денот.... Во руски стил. Пељмени од пехарот на Стенли купот“ , констатира Причард.