Огромниот аеростат „Русија“го изврши првиот лет над Керченскиот залив

Краснодарска област
Огромниот аеростат „Русија“, со отпечатено руското државно знаме на површината на балонот, го изврши првиот лет над Керченскиот залив, полетувајќи кон Крим од Краснодарскиот крај, јавуваат медиумите.

Kaко што се наведува, летот е организиран во чест на претстојниот Ден на Победата над фашизмот во Втората светска војна.

Летото од Темрјукскиот реон на Краснодарскиот крај до Керч траеше два часа.

Претставникот на организаторот „Добротворен фонд „Св. Лука“ (Воено Јасенецки) Родион Шеин кратко прокоментира дека запремнината на аеростатот е четири илјади кубни метри (двојно поголема од „обичен“ балон), како и дека ова е првпат некој со аеростат да го прелета Керченскиот залив.

Пилотите Виталиј Ненашев и Сергеј Белорусов кои управуваа со аеростатот на Крим донесоа и подароци, амфора со вино и винова лоза.

„Ова историско достигнување, кое го симболизира обединувањето на нашите два региона, привлекува големо внимание како на жителите на Крим така и на туристите. Наскоро ќе нѐ обедини и Кримскиот мост, па заеднички ќе ја спроведеме туристичката сезона“, рече  Георгиј Грушин од Министерството за туризам на Краснодарскиот крај.

Аеростатот е инаку копија на многу поголемиот балон од сто илјади кубни метри кој се прави за светски познатиот руски патник и православен свештеник Фјодор Коњухов, кој наесен ќе полета во него во истражување на стратосферата.

Аеростатот во Краснодарскиот крај ќе биде вратен со автомобил, а пред тоа ќе биде изложен во центарот на Керч за да можат да го видат сите заинтересирани.

Според пишувањето на медиумите, поради специфичниот правец на морските ветрови летот на оваа релативно кратка маршрута е можен само на голема висина. Слични летови се вршат над Ла Манш, но сѐ уште никој не се осудил на лет над Керченскиот залив, иако условите за спортистите, како што се наведува, се многу интригантни.

Прочитајте повеќе: Под железничкиот лак на мостот во Крим помина првиот брод

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња