Генерал на САД:Иако Русија прави нуклеарно оружје од 100 мегатони, ние и понатаму можеме да парираме

Слободан Ѓукиќ

Американскиот генерал Џон Хајтен оцени дека САД се сигурно заштитени од кое било нуклеарно оружје, вклучувајќи го и руското.

„Нашите способности за одвраќање не се доведуваат под сомнеж и остануваат надвор од конкуренција. Во состојба сме да доминираме и да одговориме на секој напад, независно од тоа од каде доаѓа“, изјави командантот на Стратешката команда на Армијата на САД.

Тој смета дека Москва заостанува зад Вашингтон во нуклеарнте капацитети, а наводната безусловна супериорност на Пентагон се гледа во подводната флота и локациите за ракетни лансирања распоредени на целата територија на САД. Сепак, во истражувањето што го спроведоа поранешни припадници на американската Централна агенција за разузнавање (ЦИА) и Силите за специјални операции се признава супериорноста на руското нуклеарно оружје кое е, како што се покажа, неколку пати посилно од американското и кинеското.

Kако што наведуваат стручњаците, најновите руски разработки значително го надминуваат најмоќното оружје на другите земји. Така, балистичката ракета „Сармат“ има сила од 50000 килотони, а најновите торпеда „Статус 6“ 100000 килотони. На тој начин руското нуклеарно оружје ги надминува американските конкуренти по силата за 5,5 односно 11,1 пати. Русија исто така го зазеде првото место во светот по бројот на единици на современа оклопна техника, автомобилска техника и артилериско-ракетно вооружување.

Претходно претседателот на Русија Владимир Путин во обраќањето до Федералното собрание во април за развој на единствени системи на вооружување кои немаат соодветна конкуренција во светот.

Прочитајте повеќе: „Авангард“ ќе може да ја издржи температурата која се создава при брзина од 25000 км/ч

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња