Изведено е гаѓање на една од најсложените цели, ракетата „Кабан“, која се движеше со балистичка траекторија.
Екипажите на противвоздушните ракетни системи С-400 на единиците за ПВО-ПРО на Источниот воен округ успешно ја реализираа задачата и ги соборија сите мети на полигонот во Астраханската област.
Војската успешно ја реши оваа борбена задача и тоа на една од најсложените мети, ракета „Кабан“, која се движеше со балистичка траекторија. Наведените вежби претставуваат последна фаза од обуката на силите на Источниот воен округ за новите ПВО-ПРО системи С-400.
Припадниците на вооружените сили се запознаа со новите системи и принципите на нивно функционирање, за потоа да се подготват за превоз на техниката во базата на противвоздушната одбрана која е стационирана во Хабаровскиот крај, пренесува порталот на телевизиската станица „Ѕвезда“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче