Тоа ќе биде големо враќање на ирскиот борец во ММА Конор Мекгрегор по двегодишната пауза, во текот на која му беа одземени двата шампионски појаси затоа што одби да ги брани поради мултимилионскиот бокс-меч со Флојд Мејведер. Конор го загуби мечот, но стана побогат за 100 милиони долари.
Мекгрегор (21 победа – 3 порази) ќе се бори со Дагестанецот Хабиб Нурмагомедов кој нема ниту еден пораз (26-0) на 6 октомври во Лас Вегас, потврди UFC.
Победникот во оваа борба ќе ја понесе титулата шампион во лесна категорија.