Татко на пајчиња: Cибирец пронајде напуштено гнездо со јајца, направи инкубатор и изведе пилиња

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во едноставниот, набрзина направен инкубатор, за недела дена се изведоа седум пајчиња.

Во приградска населба во близина на рускиот град Новосибирск градежниците кои го расчистуваа теренот пронајдоа гнездо на патка која изгледа поради вревата се скрила и повеќе не се вратила. Еден од работниците со меко срце реши да ги земе јајцата и да ги изведе пилињата.

Сибирецот направи многу едноставен инкубатор и цела недела ги одржуваше во него температурата и влажноста, очекувајќи ги малечките. На 26 јули тие почнаа да излегуваат од јајцата, а веќе утредента се појавија сите седум пилиња, соопшти Новосибирскиот центар за рехабилитација на птици-грабливки.  

Тие во овој момент се наоѓаат во специјална кутија за негување на птици каде што зајакнуваат по изведувањето.

Интересно е што постарите пилиња, оние кои порано се изведоа, им помагаа на помладите и ги чистеа и им го сушеа перјето од плодовата вода. Кога пилињата ќе почнат самостојно да се хранат и сигурно да стојат, ќе бидат однесени кај мајка-хранителка, велат волонтерите.

По извесно време пилињата ќе бидат вратени назад во природа.