Полигонот е поставен во провинцијата Фуѓен на брегот на морето. Најпрвин кинеските војници им покажаа на колегите како се движи нивното пешадиско борбено возило и како треба да се преминуваат пречките. Огромното возило тешко 30 тони изгледа тромаво, но може да достигне брзина до 60 километри на час на копно и до 40 километри на час во вода. За запознавање со техниката екипите имаа по десет минути. Руските маринци заклучија дека кинеското возило потсетува на руското борбено возило за пешадија БМП-2 и дека стабилизаторот и нишанот на неговото орудие се копија на руските модели.
„Но се разликува блокот за управување. Тука се наоѓаат кинески натписи и затоа ќе ни биде потребен преведувач“, изјави Сергеј Мамедов, нишанџија-оператор на пешадиското оклопно возило.
Тренинзите на кинеските пешадиски оклопни возила почнуваат за неколку дена. Додека натпреварувањето во поморски десант во Кина ќе се одржи од 29 јули до 12 август.