Ова не е сцена од некој трилер туку сурова стварност. Неврохирурзите во сибирскиот град Тјумен по хакерски напад беа принудени да оперираат 13-годишно девојче без електронската опрема.
„Тоа беше исклучително комплицирана операција на мозокот, а исклучени беа сите системи и уреди кои ја следат таа операција“, изјави директорот на банката „Сбербанк“ Герман Греф на меѓународната конференција посветена на сајбер-безбедноста. Тој дознал за инцидентот кога Тјуменскиот федерален центар за неврохирургија по хакерскиот напад се обратил до „Сбербанк“ и нејзините стручњаци за сајбер-безбедност.
Стручњаците на „Сбербанк“ велат дека хакерите примениле нов вирус по име Purgen. „Злосторниците бараа пари во замена за враќање на ИТ-системот во нормален режим“, објасни Греф. „Тие без двоумење ги уценуваат и другите клиники“.
Оваа ситуација можела да има трагичен исход, но операцијата сепак била успешно извршена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.