Новиот непријател на Џејмс Бонд по 20 години повторно Русин

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Повторно Русин ќе биде главниот негативец во новиот филм за Џејмс Бонд кој ќе ги полни кино салите во 2019 година. Последниот пат агентот 007 имаше руски противник во филмот од 1999 „Светот не е доволен“.

Новинарите на весникот „Дејли Меил“ дознаа дека продуцентите за новиот филм бараат актер од 30 до 60 години „од Русија или од Балканот“. Тоа мора да биде „харизматичен, авторитарен, осветољубив и оригинален“ тип.

Новата девојка на Бонд исто така може да биде Русинка, паметна, храбра, весела, прекрасна девојка која владее со боречки вештини“, пишува „Дејли Меил“.

Последниот руски непријател на Бонд беше бившиот агент на КГБ а потоа терорист Ренар. Инаку, според сценариото, Бонд повеќе не е агент, туку оженет човек. Барем во првите десет минути од филмот...

Прочитајте повеќе: Шпиономанија: рускиот наспроти американскиот филм