Интернет ѕвездата Кирил Терешин, попознат како „раце-базуки“, им ја претстави на фановите идната сопруга.
Како што пренесуваат медиумите, избраничката на неговото срце е незаобиколната учесничка на реалити програмите Олесја Малибу, која ја стекна славата со скандалозното однесување.
Парот сними видеоклип во кој Малибу открива дека Терешин ја запросил и дека ќе ѝ подари прстен со брилијант и букет од 101 цвет. Малибу подоцна на својот профил на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави фотографија со Терешин и ги замоли фановите да ѝ помогнат во пронаоѓање на венчаницата која мора да биде без грб, со задолжително деколте и, се разбира, шлиц (да се радува и црниот пантер, како што се изрази таа, најверојатно мислејќи да се гледа и тетоважата) и шлеп.
Кирил Терешин од Пјатигорск се прослави со своите абнормални бицепси чии димензии ги должи на инјектирањето синтол. Подоцна, по препорака на лекарите, ги замени со импланти. Бидејќи тоа му се допадна, тој стави импланти и во мускулите на нозете.
Популарноста на идната невеста Олесја Малибу ѝ ја донесоа безбројните реалити програми во кои таа со скандалозните испади го сврте вниманието врз себе. Невестата е воодушевена од пластичните операции и често ги користи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче