Навивачите од Шведска кои во Русија го следеа Светското првенство во фудбал беа изненадени кога ги видоа руските детски игралишта, пишува шведскиот весник „Афтонбладет“, пренесувааат руските медиуми.
Децата во Русија имаат можност за пријатна игра и забава, пишува „Афтонбладет“.
Шведската новинарка била сместена во Геленџик, каде што се наоѓаше базата на шведската фудбалска репрезентација. Во текот на неколкунеделниот престој таа забележа дека секаде постои „интензивна грижа за децата“.
Во Геленџик насекаде на кејот се наоѓаат детски трамбулини и справи за игра и сите се преполни со деца. „Тешко е да најдете ресторан во кој нема детско катче за игра. Во кафулињата на улица има куќички за деца, лулашки, справи за качување, а понекогаш и трамбулини!”, се наведува во статијата.
„Овде кај нас, мислам дека само ИКЕА и „Мекдоналдс“ сфаќаат дека на родителите некаде може да им биде добро само ако на нивните деца таму им е добро. Нашите аеродроми и трговски центри во таа смисла често изгледаат едноставно смешно во споредба со оние во странство. А нашите игралишта многу заостануваат зад руските“, смета авторката на весникот „Афтонбладет“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче