Дрон спаси жена изгубена во шума цела недела

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND

Не сите машини сонуваат за уништување на човештвото. Некои навистина спасуваат луѓе, како што е случајот со една берачка на бобинки од сибирскиот Краснојарски крај.

Жената се изгубила во шумата додека берела бобинки. Лутала низ дивината цели шест дена. Кога екипите за пребарување и спасување се покажаа како бескорисни, дојде редот на беспилотно летало што припаѓа на руската Росгвардија.

Жената беше откриена благодарение на способноста на беспилотното летало за топлинско набљудување кое се користи за време на ноќни летови. Се соопштува дека жената е во стабилна состојба во моментов.