Руските навивачи воодушевени од „коцкестите“

Global Look Press
Без оглед на тоа што во пресрет на натпреварот Хрватска-Англија се случи скандал со хрватските фудбалери и што руските навивачи го исвиркуваа Домагој Вида секој пат кога ќе примеше топка, мнозинството руски навивачи е воодушевено од играта на руската репрезентација. Пренесуваме некои од коментарите.

„Ова е апсолутно заслужена победа на хрватската репрезентација! Не очекувавме ваков прекрасен натпревар!“

„Руските навивачи се воодушевени од „коцкестите“! Ова е апсолутно заслужена победа на Хрватска! Не очекувавме ваков прекрасен натпревар! „Коцкестите“ покажаа повеќе од фудбал: ги вратија радоста и среќата, чувството на солидарност и можеби она што на земјата ѝ треба најмногу – надеж во овие тешки моменти. Затоа им благодарам засекогаш“.

Дмтриј Малишев: „Играчите на англиската репрезентација се талентирани, но ја немаат цврстината на карактерот и одлучноста како Хрватите“.

Владимир Мињаев: „Многу брза екипа, многу брза транзиција од одбрана во напад. Морам да го истакнам Модрич, најдобриот играч за врска на првенството. Даде навистина сѐ од себе“.

Прочитајте повеќе: „Фудбалот не се враќа дома”: Хрватска ја победи Англија со 2:1

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња