Машката видра по име Хари која живее во Аквариумот на Сочи, предвиде дека во финалниот натпревар ќе победи репрезентацијата на Франција, пренесуваат руските медиуми.
Хари наводно не е лош во предвидувањето на резултатите, а се прослави откако ги знаеше победниците на сите натпревари на руската репрезентација. Сега од две топки – сина и црвена – без двоумење ја одбра сината, односно Французите.
Што не значи дека треба да му се верува. Можеби претходно погодуваше затоа што и самиот е од Сочи и „батјушките“ му се поблиски. Хари сепак се излажа за резултатот од полуфиналниот натпревар Англија-Хрватска и „стави сѐ што има“ на „Гордиот Албион“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче