ФОТО: Русинките станаа прваци на Европа во фудбал на песок

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Само еден ден откако Хрватска ги урна сите сништа на Русија за полуфинале на Мундијалот, руските девојки ја вратија спортската чест на земјата, освојувајќи ја првата титула прваци на Европа во фудбал на песок.

Додека сите очи беа вперени во светскиот машки фудбал, на Русите им се насвена среќата на другиот крај од Европа. Русија е сега суперсила во фудбал на песок и тоа го докажаа спортистките во Назаре (Португалија).

Русинките во финалето го победија шпанскиот тим со 2-0 и го освоија третото Европско првенство во фудбал на песок (во 2016 победија Шпанките, а во 2017 година Англичанките).

Интересно е, исто така, што рускиот тим се собра дури на 25 јуни, две недели пред почетокот на шампионатот.

Русинката Марија Фјодорова е прогласена за најдобра играчка на шампионатот, а Анастасија Горшкова е најдобар стрелец (пет постигнати гола).

„Знаевме дека имаме одлична шанса да поведиме, но очекувавме тешки натпревари, особено кога Шпанија мина во финалето“, вели Анастасија Осиновскаја. „Бев мирна и сталожена на почетокот. Некако знаев дека ќе успееме. И покрај тоа што првпат настапуваме како тим, се знаеме подолго време. Игравме како еден, колку и да звучи банално тоа. Но, вистина е!“