Домагој Вида се извини: „Ги почитувам и Украинците, и Русите и Србите! Никакви видео пораки повеќе“

PETTER ARVIDSON/Global Look Press

„Сакам уште еднаш да ѝ се извинам на Русија“, изјави стоперот на хрватската репрезентација Домагој Вида во интервјуто за „Спорт Експрес“, откако последниве денови беше главниот антихерој на Мундијалот, а во полуфиналниот натпревар против Англија го следеа исвиркувања од публиката штом ќе ја допреше топката.

„Сфаќам дека згрешив. Јас само ги поздравив пријателите, ресторан во Киев. Но никакви видео пораки повеќе! Ги почитувам и Украинците и Русите. Ги почитувам и Србите со кои играв и играм во ист клуб“.

Запрашан од каде толку сила за трет натпревар од 120 минути, Вида одговара: „Срцето ни е големо како Русија! И имаме шанси да станеме светски шампиони!“

„Незаборавна ноќ“, додава Иван Ракитиќ. „Кога Англија даде гол, заигравме уште посилно. И на крај одигравме неверојатен натпревар. Немојте да мислите дека сме се умориле. Имаме уште многу сила за финалето. По малку ме чуди што толку млада и физички силна репрезентација на Англија во средината на второто полувреме престана да трча. Во финалето ќе ја дадеме целата енергија што ни остана за да ја победиме Франција“, вели Ракитиќ.

Прочитајте повеќе: Руските навивачи воодушевени од „коцкестите“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња