„Фудбалот не се враќа дома”: Хрватска ја победи Англија со 2:1

Хари Мегваер во дуел со Марсело Брозовиќ.

Хари Мегваер во дуел со Марсело Брозовиќ.

Christian Hartmann/Reuters
Англиските навивачи пред натпреварот ја пееја песната It's coming home, football’s coming home но нивните надежи не се остварија. Во полуфиналето на Светското фудбалско првенство во Русија на московскиот стадион „Лужники“ Хрватска ја победи Англија со 2:1 и се пласираше во финалето.

Англичаните поведоа веќе во 5 минута со голот на Трипие од слободен удар по фаулот над Али на работ на казнениот простор. Англичаните уверено го контролираа текот на натпреварот и се чинеше дека вториот гол за Англија е само прашање на време.

Меѓутоа, како и во натпреварот против Русија, Хрватите го одигра второто полувреме многу подобро. Изедначија во 68 минута кога мрежата на англискиот голман ја затресе Перишиќ.

По нерешениот резултат 1:1 во првите 90 минути се играа продолженија, што веќе стана традиција за „коцкестите“. Во продолженијата Хрватска продолжи да доминира, а Англичаните, за разлика од Русите, не успеаја да го спречат тоа. Во второто продолжение, во 109 минута, Манџукиќ го искористи додавањето на Перишиќ и го постигна вториот гол.

Натпреварот заврши со резултат 2:1 за Хрватска, која в недела на 15 јули ќе игра против Франција во финалето на Мундијалот 2018. Ова е најдобриот резултат во историјата на хрватскиот фудбал.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња