Англичаните поведоа веќе во 5 минута со голот на Трипие од слободен удар по фаулот над Али на работ на казнениот простор. Англичаните уверено го контролираа текот на натпреварот и се чинеше дека вториот гол за Англија е само прашање на време.
Меѓутоа, како и во натпреварот против Русија, Хрватите го одигра второто полувреме многу подобро. Изедначија во 68 минута кога мрежата на англискиот голман ја затресе Перишиќ.
По нерешениот резултат 1:1 во првите 90 минути се играа продолженија, што веќе стана традиција за „коцкестите“. Во продолженијата Хрватска продолжи да доминира, а Англичаните, за разлика од Русите, не успеаја да го спречат тоа. Во второто продолжение, во 109 минута, Манџукиќ го искористи додавањето на Перишиќ и го постигна вториот гол.
Натпреварот заврши со резултат 2:1 за Хрватска, која в недела на 15 јули ќе игра против Франција во финалето на Мундијалот 2018. Ова е најдобриот резултат во историјата на хрватскиот фудбал.