Драма во Сочи: Русија по послабото изведување на пенали не помина во полуфиналето на СП

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во четвртфиналето на Мундијалот-2018 репрезентацијата на Русија загуби од Хрватска во изведувањето на пеналите по нерешениот резултат 2:2.

Во првите деведесет минути двете екипи постигнаа по еден гол. Черишев во 31 минута со фантастичен шут ја затресе мрежата на Субашиќ, а Хрватска изедначи во 40 минута со голот на Крамариќ.

Потоа Хрватите поведоа во првото продолжение со голот на Вида во 101 минута, а во второто продолжение на 2:2 израмни Фернандес во 114 минута.

Во изведувањето на пеналите хрватските репрезентативци беа подобри, така што Хрватска се пласираше во полуфиналето и ќе игра на 11 јули против Англија во Москва на стадионот „Лужники“.