„Ноќните волци” во Македонија

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Од 22 јуни до 20 јули 2018 година, по десетти пат руските „Ноќни волци” ќе го реализираат меѓународниот мото марш „Словенски свет”.

За 22 дена „Ноќните волци“ ќе поминат повеќе од 8500 километри низ повеќе држави: Русија, Белорусија, Словачка, Словенија, Србија, Црна Гора, Македонија, Бугарија и др., со порака за добрососедски односи меѓу граѓаните на Европа.

Во текот на својот пат тие ќе одржат прес конференции, тематски семинари и форуми, со цел развивање на дијалог меѓу луѓето од различни националности, особено на дијалог меѓу младите.

Покрај својата обединувачка идеја, проектот „Словенски свет” е насочен и кон популаризација на словенската историја, култура и писменост. Учесниците во мото маршот ќе ги посетат и древните центри на словенската култура. Во сите етапи од овој проект учествуваат повеќе од 10000 луѓе.

„Ноќните волци“ вчера, 3 јули, ги посетија Охрид и Битола.

За време на нивниот престој во Охрид тие беа примени од почесниот конзул на Руската Федерација во Охрид, проф. д-р Велимир Стојковски, додека во Битола го посетија Почесниот руски конзулат, а на споменикот Руски крст положија свежо цвеќе.