ВИДЕО: Во Норилск падна „крвав” дожд

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND
Корисниците на социјалните мрежи објавија дека во Норилск, во близина на паркингот на Надеждинскиот металуршки завод паднал „крвав” дожд.

Очевидците објавуваат фотографии и видеоснимки на кои се гледаат црвени бари и возила полиени со „крвава“ течност.

Корисниците на интернетот изнесуваат различни претпоставки за причините на оваа појава: од честички прашина кои ги зафатил дождот и отпад од заводот „Норилски никел” па сѐ до високо ниво  радијација.

„Дојдоа пожарникарите, некако ги испраа плоштадот и возилата“. „Тоа е навистина страшно. И крвавиот дожд е веројатно последица од загадувањето“. Ова се некои од коментарите на локалните жители.

Компанијата „Норникел”, во чиј состав спаѓа Надеждинскиот завод, соопшти дека водата е обоена поради правот кој лежел на покривот на еден од нивните заводи. Овој прав требало да биде отстранет, но тоа не е сторено на време и тој паднал на паркингот.

Претходно ваква појава беше забележана во септември 2016 година. Тогаш причина за обоениот дожд беше грешка на една од филтрациските брани на Надеждинскиот металуршки завод за време на вонредно обилните врнежи. Заводот поради тоа беше казнет по проверката од страна на Федералната служба за заштита на потрошувачите и доброто на човекот.