Медиум: Морнаричката пешадија може да стане главен инструмент на руската надворешна политика

Андреј Фокин/Russian Look/Global Look Press
Руската морнаричка пешадија, велат, наскоро ќе може да ѝ конкурира на американската?

До таков заклучок доаѓа Military Watch Magazine. Во моментов САД имаат 180 илјади маринци, додека Русија само 12 илјади, заедно со неколку стотици припадници на специјалните сили на воената морнарица. Но, ситуацијата се менува, пишува овој магазин, и Русија вложува повеќе средства во модернизацијата и развојот на морнаричките десантни единици.

Меѓу другото, се работи за новите десантни бродови за транспорт на жива сила, оклопна техника и авијација. Тоа се универзални бродови кои можат да пренесат од 700 до 1200 луѓе и офанзивни хеликоптери. Исто така се работи над воени авиони кои во борба ќе ѝ даваат поддршка на морнаричката пешадија.

„Руската морнаричка пешадија последниве години игра сѐ поголема улога и кон крајот на 2017 година Русија ја покажа својата сила на Далечниот Исток, во близина на Корејскиот полуостров додека се вжештуваа односите меѓу САД и Северна Кореја“, се вели во статијата на Military Watch Magazinе. Авторот на статијата доаѓа до заклучок дека морнаричката пешадија може да стане главниот инструмент на надворешната политика на Русија надвор од границите на земјата. „Ако се земе предвид дека Русија сака да стане суперсила во Азиско-пацифичкиот регион, тоа е многу добра стратегија“, пишува изданието.

Погледнете го видеото: Морнаричката пешадија на Русија – „црната смрт“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња